ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП
АЕК - Крка 31-25 (38-28)
Партизан - Диомидис 32-22 (26-28)
Бриксен - Алкалоид 32-44
Хаукар - Јерузалем 31-23
Рунар - Бешикташ 35-35
Анортозис - Извиѓач 25-25
Баја Маре - БК 46 (двата меча ќе се играат во Финска)
Драмен - Олимпијакос (двата меча ќе се играат во Грција)
Грчкиот тим АЕК и српскиот претставник Партизан веќе се пласираа во 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот куп по викенд дуелите од 1/8 финалната нокаут фаза. И двата нови четвртфиналисти двата меча ги играа на домашен терен, со тоа што белградските црно-бели си „дозволија“ и пораз на првиот натпревар.
Алкалоид и Хаукар од Исланд реално треба да бидат во следната фаза со оглед на високите победи против Бриксен и Јерузалем. Алкалоид дома ќе брани 12 гола разлија, а Хаукар има плус осум пред гостувањето во Словенија.
Ќе биде жешко во Истанбул и Љубушки каде што Бешикташ има нерешено од гости во Норвешка, а тимот од БиХ исто так реми од гостувањето на Кипар. Да потсетиме дека не важи правилото гол во гости, па ако на некој од овие два меча одново има нерешено, тогаш ќе се шутираат седмерци.
Конечно, Олимпијакос на два меча дома го чека Драман следниот викенд, а Романците од Баја Маре се толку сигурни во себе што двата меча со финскиот БК - 46 ќе ги играат на гости.
По завршувњето на оваа фаза, најдобрите осум екипи ќе бидат во ждрепка во која нема да има носители ниту пак ќе има заштита од типот два тима од иста земја да не можат да играат меѓусебе.
Ждрепката за 1/4 финалето ќе се одржи на 25 февруари, а таа ждрепка ќе биде заедничка и за полуфиналето.
Така македонскиот Алкалоид кој извесно ќе се пласира во 1/4 финалето, на 25 февруари ќе го дознае не само противникот за 1/4 финале туку и потенцијалниот противник за 1/2 финале.
Поврзани вести