Словенците без првиот голман против Македонија

Photo: IHF/Kolektiff

Репрезентацијата на Словенија нема да може да смета на голманот Клемен Ферлин од Келце за дуелите со Македонија што во март ќе се играат во рамки на квалификациите за ЕП 2026.

Клемен Ферлин го повреди коленото на првиот натпревар од Лигата на шампионите што Келце го загуби од Магдебург.Прогнозите се дека тој нема да може да се врати на теренот во следните четири до шест недели.

Покрај Ферлин повредени во составот на Словенија се и Рок Овничек и Нејц Цехте.
Првиот натпревар од продолжението на квалификацискиот циклус меѓу Словенија и Македонија ќе се игра во Скопје на 12 март, а дуелот од четвртото коло, одново меѓу Словенија и Македонија ќе се игра во Копер на 16 март.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk