Се повреди Гонзало Варгас, голманот на Барса

Foto: FC Barcelona

Сериозен хендикеп за Барса е состојбата со нивните голмани. Емил Нилсен се повреди во Алборг, не го доигра тој натпревар во ЛШ и беше поштеден за првенствениот меч со Бидасоа.Филип Шариќ и Адриан Сола му правеа друштво на Гонзало Перез де Варгас на тој меч.

Барса тешко победи (32-30), но на тој меч се повреди и Гонзало Варгас.

Тој беше на раце изнесен од соиграчите, а клубот објави дека се работи за повреда на лигаментите и дека се чека конечната дијагноза за да утврди начинот на кој ќе биде санираната повредата.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk