Велцар го победи Кил, кикснаа и Берлин и Мелзунген за хаос во Бундеслигата

Photo: MT Melsungen

Беше за реално очекување дека настапот на репрезентативците на Светското првенство ќе се одрази врз клупските настапи особоено во првиот месец по завршувањето на мундијалот. Особено кај екипите во Германија и Франција и посебно кај тие клубови кои имаат играчи од повеќе репрезентации.
Викендов во Бундеслигата имаше благо речено хаотично коло во кое три од четирите првопласирани екипи не успеаја да победат.

Колото стартуваше со минимален пораз на лидерот Мелзунген од десеткуваниот тим на Магдебург.
Шансата да му се доближат на само два бода ја пропуштија Берлин и Кил. Лисиците одиграа само нерешено на натпреварот со Лемго, а Кил беше поразен од Вецлар.

Можат да жалат Кил и Берлин, но ако ги погледнеме работите по обратен редослед, тогаш Мелзунген испушти шанса можеби и да го реши првенството.
Магдебург е најголемиот победник. Тие имаат девет бода помалку од Мелзунген, но и три меча помалку, па во идеално сценарио за нив би дошле до минус од само три бода. Во приказната не смееме да го заобиколиме Хановер кој си заработи два бода од мечот со Штутгарт и сега е на второто место на табелата.




Табела: 1. Мелзунген (32 бода). 2. Хановер (30). 3. Берлин (29). 4. Кил (28). 5. Флензбург (28) 6. Магдебург (23 бода, -3 натпревари)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk