Алкалоид и Борец го затвораат кругот број 18

Со натпреварот меѓу Алкалоид и Фрутленд Борец што ќе се одигра вечерва во „Автокоманда“ со почеток од 19:00 ќе биде комплетирано 18 првенствено коло во Суперлигата.

Победата на Е. Пелистер над Охрид на гостински терен, победите на Тиквеш над Бутел Скопје и на Куманово над Пролет практично ја решија битката за поделба на местата во Плејоф и Плејаут. Пролет е тимот што најмногу загуби викендов и сега со оглед дека му следат дуели со Охрид и Алкалоид, како и гостување кај Бутел, речиси со двете нозе е во Плејаут.

Затоа, пак, сцената е наместена за дуелот во Битола каде што во следното коло ќе гостува Алкалоид на меч што во теорија ќе го реши прашањето за првото место во овој дел од првенството.

Двата тима имаат европски предизвици, со тоа што сликата малку се промени кога е Пелистер во прашање откако Висла славеше во Париз, па сега за пласман во елиминациите што беше нивна реалнос достижна цел, ќе мораат да освојат барем бод како би ги продолжиле шансите за исполнување на целта.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk