ИВАНОВСКИ: Победивме, но нема да застанемe овде

Мартин Ивановски го имаше своето европско деби во дресот на Алкалоид и учествуваше во големата победа со два постигнати гола и остави сосема солиден впечаток.
Младиот плејмејкер ги сподели своите импресии по натпреварот.

„Одлично се сум прифатен и се снаоѓам во Алкалоид. Како што зборуваат сите, така е. Клубот работи на професионално ниво. Соиграчите, управата, ме примија најдобро. Многу сум задоволен од професионализмот на секој член на клубот. За мене ова беше европско деби за новиот клуб, дадов два гола, задоволен сум, ама не треба тука да застанеме. Како екипа имаме голем потенцијал и се надевам дека тој ќе излезе на површина преку напорна работа“, изјави Мартин Ивановски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk