Кизиќ: Беа упорни, ама ние бевме поупорни и поквалитетни

Голманите на Алкалоид имаа своја вечера во Италија и голем удел во високата победа. Марко Кизиќ бранеше во поголемиот дел од натпреварот одбрани 12 шутеви и беше голем проблем за домашниот состав.
Голманите на Алкалоид имаа вкупно 20 одбрани на првиот меч од 1/8 финалето и ставија свој печат на натпреварот.

„Противникот не беше наивен и ни требаше време да го прекршиме резултатот и да отидеме на висока разлика. Најважно од се е што држевме еден ритам целите 60 минути. Бриксен се носеше со нас до пред финишот на мечот, беше упорен како тим, се враќаше цело време, ама ние бевме поупорни и поквалитетни.
Реваншот исто така ќе го сфатиме сериозно, не смееш да се опуштиш, пред се поради себе. Нема да се лажеме и да кажеме дека не знаеме што значи оваа предност, ама и на реваншот ќе одиме на победа, тоа е нашата цел“, изјави Марко Кизиќ.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk