ГАЛЕВСКИ: Го исполнивме планот, но остануваме сериозни

Младиот голман на Алкалоид, Иван Галевски имаше одлична партија на мечот што би требало да го одведе македонскиот тим во 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп. Галевски ги одбрани првите два пенали на противникот, а потоа во вториот дел кога доби шанса да брани запиша уште шест интервенции зад своето име.

„Без разлика кој и да е противник, ние максимално се спремаме, го даваме максимумот. Така беше и сега, заслужено победивме со Бриксен. Го реализиравме нашиот план со стручниот штаб и дојдовме до висока победа. Ние, сепак, максимално ќе влеземе сериозно и на следниот меч во Скопје, затоа што ни следи малку понапорна недела во која ни следат домашни мечеви, прво со Фруитленд Борец, потоа со Еурофарм Пелистер.
Бриксен никако не е за потценување, имаат одлични шутери кои добро шутираат од девет метри, полетни крила кои цело време влечат брз центар, но мислам дека нашата физичка спремност победи во овој момент и можеби бевме пофизички моќни со подобра ротација, а бевме исто така и подобри тркачки, затоа што ривалот ги користеше истите играчи во поголемиот дел“, изјави Галевски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk