Ричи Ѓамовски за G-SPORT од Бриксен, Италија
ССВ БРИКСЕН – РК АЛКАЛОИД 32-44 (18-23)
Сала: „Јужен Бриксен“ во Бриксен, Италија. Судии: Ивс Шолс од Холандија и Стефен Мартен од Белгија. Делегат: Борис Вукашиновиќ од Србија
ССВ БРИКСЕН: Вуловач, Аѕолин 3, Дела Векија 1, Арциери 7, Винисиус 8, Кањете 4, Е. Ибаљи 1, А. Ибаљи 3, Садер 1, Башиќ 4, Милогер, Пунтајер, Социо, Оберхолензер, Лубинати
Седмерци: 5/8 Исклучувања: 6 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (12 одб), Галевски (2 сед.+ 6 одб), Џонов, Маркоски, Младеновиќ 1, Серафимов 6, Карасманакис 2, Стојковиќ, Митев 7, Ѓоргиев 7, Велковски 4, Ивановски 2, Бинго 4, Франциско 4, Петковски 6, Савревски 1
Седмерци: 1/1 Исклучувања:6 мин.
РК Алкалоид и неговиот италијански соперник во 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп, екипата на ССВ Бриксен го одиграа својот прв натпревар на кој домаќин беше италијанскиот тим во како што велат, најдобрата сала за ракомет во Италија.
А една третина од најубавата сала за ракомет во Италија, вечерва беше полна со македонски навивачи дојдени од повеќе места, наоружани со тапни, знамиња и други реквизити.
Италијаните исто така имаа неколку тапани, вувузели и слично и беше вистинска бука во арената.
Алкалоид импресивно влезе во мечот. Одбраната на место, нападот наштелуван и по четири минути македонскиот тим водеше со 5-0, потоа и 6-1.
По ова и домашниот состав засили, успеа да пресече две топки и да намали на 4-6. Следните два гола завршија во мрежата на Италијанците и Алкалоид имаше 8-4 во 11 минута.
Натпреварот имаше брз ритам што го форсираа и двата тима. Галевски одбрани еден пенал, Кизиќ запиша три одбрани, Бинго на двапати од транзиција биеше како бек и Алкалоид водеше 10-5 во 12 минута.
Одбраната на Алкалоид беше одлична, но брзата игра носеше и грешки, па така македонскиот состав при водство од 13-8 пропушти три напади за прв пат да дојде до плус шест.
Следеше тајм аут на Родолф Нојнер, по што почнаа да погодуваат и домашните, но не го сменија односот на силите. Така, во 22 минута беше 16-11 за Алкалоид.
Лазаров за целото време, за да ги зачува силите ротираше и во одбрана и во напад и може да биде задоволен што нивото не се промени.
Галевски го одбрани и вториот пенал досуден за италијанскиот тим, а Митев со четвртиот погодок донесе плус шест (18-12), а Велковски со својот трет погодок кој беше вистински проектил го доведе Алкалоид во водство од 21-14. Малку подоцна Алкалоид пропушти напад за плус осум.
Кирил Лазаров го побара својот тајм аут во финишот на првиот дел, откако домашните реализираа два контранапада и намалија на 16-21. Во последните пет минути од полувреме, шанса да игра доби и новиот играч, Мартин Ивановски, а резултатот по 30 минути беше 23-18.
Во 35 минута директен црвен картон заработи Ендрит Ибаљи, еден од поважните играчи на Бриксен поради старт во лице врз Ѓоргиев. Алкалоид поведе 26-19 преку Ѓоргиев и имаше целосна контрола, а одличен период играше капитенот Ѓоргиев.
Во 48 минута, Алкалоид имаше водство од 34-27, во 53 минута беше 39-30 и до крајот работата за скопскиот состав беше рутинска.