Укината суспензијата на португалската ѕвезда

Непосредно пред почетокот на Светското првенство излезе веста за суспензија на португалската ѕвезда Мигуел Мартинс кој настапува за екипата на Алборг поради користење на недозолени средства и тоа на Европското првенство во Германија минатиот јануари. 
Суспензијата беше активна веднаш, Мартинс го пропушти мундијалот на кој неговата Португалија стигна до битка за бронзен медал и без неговата помош. 
Не минаа ни две недели од крајот на СП, а суспензијата на Мигуел Мартин е укината. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk