Суперлига: Бутел и Тиквеш по место во Плејоф

Екипите на Бутел Скопје и Тиквеш денеска ќе играат дерби меч на кој во меѓусебна пресметка ќе одлучат која екипа ќе биде пласирана во Плејоф, а која ќе има уште непроспиени ноќи во трката со Прилеп и Пролет. 
Натпреварот ќе се игра во Скопје со почеток од 18:00 часот, а уште два мече денеска се на програмата од Суперлигата. 
Тоа се дуелите меѓу Вардар и Прилеп што ќе почне од 14:00 часот и натпреварот меѓу екипите на Радовиш и Струга, дерби од долниот дел на табелата. Овој меч ќе се игра од 18 часот. 
Утре на програмата е големо дерби во кое првакот Е. Пелистер ќе гостува во Охрид. 
Поради настапот на Алкалоид во ЕХФ Европскиот Куп, нивната средба со Фриутленд Борец ќе се игра во понеделник. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk