Ѓоргиев: Добро сме подготвени за дуелот со Бриксен

Ричи Ѓамовски за G-SPORT од Бриксен, Италија

Алкалоид вечерва ќе го игра првиот натпревар од 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп против италијанскиот тим Бриксен. Македонската екипа од синоќа е во архипелагот од мали туристички селца на северот на Италија, се адаптира на условите и се обидува да предвиди што ќе ги чека денеска на спротивната страна од теренот.

„Имавме доста време да се подготвиме за Бриксен, се работи за полетна екипа која трча добро во два правци. Нѐ чека тешка борба на двата меча, посебно во тој тркачки дел. Најголемата нивна опасност доаѓа од пивотот и двата бека кои се интернационалци од Бразил и од Аргентина, плус имаат уште неколку странски ракометари во екипата. Сепак, мислам дека добро ги анализираве, очекувам добар меч и секако наши победи и потоа пласман во следната рунда“, вели Игор Ѓоргиев.

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk