Митев: Очекувам меч со висок ритам

Ричи Ѓамовски за G-SPORT од Бриксен, Италија

Марко Митев беше еден од најискористените македонски ракометари за време на неодамна завршено Светско првенство. Ракометарите сега се враќаат на старите клупски обврски, а настпот на СП иако е позитивно, сепак е и исцрпувачко искуство.
„Имавме неколку дена одмор, ни беше потребен за да се вратиме по тешките натпревари на СП“, вели Марко Митев во пресрет на натпреварот со Бриксен.

Се подготвувавме речиси цела недела за овој меч. Очекувам триумф, иако нема да биде лесно затоа што Бриксен е искусна екипа во која има седум до осум играчи кои играат скоро цела средба. Исто така се и доста брзи, даваат над 30 гола, па би требало да ни следи доста брз меч во висок ритам, тежок за играње.
Наша предност е што имаме поширок ростер, не е лесно да се трча цел натпревар, ама од друга Бриксен на досегашните натпревари го издржа тоа темпо. Не би можел точно да ја споредам некоја наша екипа, но според видеоанализата која ја направивме, би рекол дека Бриксен е екипа што е од рангот на пример на Охрид. Но, тоа и не мора ништо да значи, заклчокот е од гледање на видео, а тоа не ја преставува реалноста и нивните можности на теренот“, изјави Марко Митев и додаде дека ситната повреда што ја имаше за време на СП е надмината.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk