Војводина остана без тренер пред најважните битки

Екипата на Војводина за продолжението на сезоната ќе мора да најде нов тренер затоа што актуелниот, Борис Ројевиќ поднесе оставка од приватни причини.
Војводина е под огромен притисок во Србија, каде што Партизан станува фаворит за шампионската титула, а на рестрот на сезоната во ЕХФ Европската лига, на мечот со Порто одиграа толку слабо што практично сами си поништија шансите за пласман во Топ 12.

За Борис Ројевиќ, пак, откако беше сменет од позицијата селектор на Србија, се очекуваше дека на крајот на сезоната ќе си оди и од црвено-белиот тим, но има зад себе толкав труд и резултати со Војводина што неговата оставка во овој момент не е очекувана.

За понатаму, неофицијално, се зборува и дека е речиси договорен со еден, ќе видите ако се оствари, добро познат тим.

Фото: РК Војводина

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk