Сагосен ќе игра за Алборг и во Лигата на шампионите

Photo: IHF/Kolektiff

Алборг и Колстад, а и самиот Сандер Сагосен го потврдија трансферот на норвешкиот ракометар во данскиот клуб, каде што се враќа по осум години (2013-2017) во кои играше за ПСЖ, Кил и Колстад.

Сагосен потпиша за Алборг договор на 4.5 години, а своето повратничко деби би можел да го има викендов. Трансфер правилата велат дека треба да минат 10 дена од последниот настап за клубот за да може да настапи за нов клуб, а Сагосен годинава нема играно за Колстад поради повредата здобиена на СП и ќе може уште веднаш да истрча на терен.
Што се однесува до неговиот настап во Лигата на шампионите, таму трансфер правилата велат дека нема да смее да настапи во Глвната рунда од која на Алборг му остануваат уште три натпревари, затоа што има играно во оваа фаза во ЛШ за тимот на Колстад.
Но, Сандер Сагосен ќе може да биде пријавен во екипата за натпреварите од нокаут фазата во која Алборг веќе има обезбедно пласман.




 

Поврзани вести