ЛШ: Денеска игра Е. Пелистер, каде да гледате?

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска ќе го одигра својот прв меч во Лигата на шампионите во 2025, на гости во Лисабон, кај екипата на Спортинг.

Битолчани се на тежок испит, против екипа со која во Битола одиграа нерешено, но зелено-белиот тим од Лисабон игра многу подобро на домашен терен и вечерва ќе бидат големи фаворити.
Спортинг е тим од големото трио што го крена ракометот во Португалија, која стигна и до полуфинале на последното СП благодарение најмногу на нивните играчи. Португалскиот ракомет почна да оди во нагорна линија кога големите фудбалски тимови, а таму се Порто, Бенфика и Спортинг почнаа посериозно да ја третираат својата ракометна секција и комбинацијата на повеќе пари и внимание комбинирана со нивната спортска култура и систем на работа, особено со младите играчи се покажаа како добитна комбинација.

Спортинг конкрентно се издвои во групата како тим што имаше за цел да го симне Порто од врвот и тоа им успеа. Клубот е базиран на играчи кои во 2019 играа на кадетскиот мундијал во Македонија, а тоа се Мартим Кошта и Салвадор Салвадор, на кои им се приклучи суперталентот Франциско Кошта, а од клупата ги води тато Кошта, Рикардо.
Браќата Кошта преминаа од Порто во Спортинг за сума од околу 250.000 евра и за две-три сезони нивната цена стана десетпати поголема. Сега се главни таму и вечерва ќе бидат голем предизвик за битолчани кои на првото одмерување успеаја да ја умртват играта и да наметнат свој ритам што беше успешен рецепт, но тоа ќе биде многу потешко да го изведат и на гостински терен.
Македонскиот првак се трка со Висла Плоцк за последното место во следната фаза и во своја пола има два бода, но и полош скор. Висла има тежок распоред, но има уште четири натпревари на кои може сѐ да се случи, па со едно око вечерва ќе следиме и што се случува во „Пјер де Кубертен“ во Париз.


ДЕНЕСКА ВО ЛШ:
18:45 Динамо (Б) – Веспрем
18:45 Берлин – Фредериција
20:45 ПСЖ – Висла
20:45 Спортинг – Е. Пелистер (ТВ Арена Спорт 5)

ДО КРАЈОТ НА ГЛАВНА РУНДА ВО ЛШ:
Е. ПЕЛИСТЕР: Спортинг (г), Динамо (д), Берлин (г), ПСЖ (д)
ВИСЛА ПЛОЦК: ПСЖ (г), Берлин (д), Динамо (г), Спортинг (д)
#
група „A“
 
1.
10901333:28418
2.
10703328:33014
3.
10613331:28413
4.
10604334:31812
5.
10505313:32210
6.
10226242:2786
7.
10208251:2564
8.
10118273:3333

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk