Клупски отказ за селекторот на Романија

Еден од најбогатите ракометни клубови во Романија, а со тоа и во светот, Глорија Бистрица 2018 му врачи отказ на тренерот Флорентин Пера по синоќешниот првенствен пораз. Тоа беше вкупно петти во првенството со што годинешниот учесник во ЛШ го доведе во прашање и пласманот во Европа следната сезона.
Глорија Бистрица има буџет поголем од три милиони евра и респектабилен состав досега предводен од актуелниот селектор на Романија.
Проблемите во клубот почнаа откако Флорентин Пера влезе во конфликт со домашната ракометна ѕвезда Кристина Ласло, по што мораше да реагира и клубот и таа беше трансферирана во друг тим. Но, нарушените односи на релација тренер играчи очигледно имаа и подлабоки корени, па од тој момент неприкосновениот состав почна да реди порази.
Спектакуларниот пораз од Крајова (Глорија имаше напад во последните 10 секунди при нерешено, но загуби топка и прими гол на празна мрежа) ја скрати агонијата на клубот и тренерот мораше да замине.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk