Парондо добива ново засилување

Екипата на Мелзунген, предводена од шампионскиот тренер на Вадар од 2019, Гарсија Парондо, сезонава е лидер во Бундеслигата со реални шанси да стане за прв пат шампион. Тие имаат четири бода предност пред Берлин, Кил и Хановер по 18 одиграни кола и вистинската битка допрва им следи.
Паралелно со актуелниот тим, Парондо наголемо составува екипа и за следната сезона во која првото големо име е повратникот Јоханес Гола, доаѓа унгарскиот голман Паласиц,  а денеска се пофалија и со ново име на бековската позиција.
Потценет шведски лев бек, Оле Форсел Шеферт кој во моментов игра за РНЛ ќе биде новото име во составот на Парондо. Се работи за ракометар кој сезонава на 17 натпревари во Бундеслигата постигна 34 гола и има 36 асистенции. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk