Прекинат мечот на Спортинг

Неуспешен беше рестарот на сезона за екипата на Спортинг со која македонскиот првак Е. Пелистер во четврток ќе игра натпревар од Лигата на шампионите.
Лошите услови во салата во Варжим, каде што домашната Повоа го пречека Спортинг беа причина мечот да биде прекинат и презакажан за следниот месец.
Поради лизгавиот под во салата, ризикот од повреди стана преголем и натпреварот меѓу Повоа и Спортинг беше прекинат во 26 минута и при водство на Спортинг од 14-12.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk