Се повреди Цикуша, ѕвездата на Барса

Photo: FC Barcelona

Барса очекувано триумфираше во финалето на Куп на Шпанија над екипата на Торелавега и го одбрани победничкиот пехар.
Но, радоста ја замени загриженост затоа што во текот на натпреварот се повреди младата ѕвезда Петар Цикуша. Настрада зглобот, веднаш се појави оток и тој не можеше дури ниту до центарот на игралиштето за да го прими медалот, туку соиграчите, а и ракометарите на Торелавега му честитаа на клупата на резерви.
Барса денеска соопшти дека Цикуша оштетени се лигаменти на скочниот зглоб и дека се вршат и други испитувања, по што ќе се знае и начинот на кој ќе се рехабилитира и времето што ќе го мине надвор од теренот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk