Гидсел не мрда од Берлин, потпиша нов договор

Photo: IHF/Kolektiff

Фановите на бундеслигашкиот клуб Фуксе Берлин имаат голема причина за славење. Најдобриот светски ракометар, Матијас Гидсел одлучи да остане во Берлин и потпиша нов договор со кој се обврза да биде нивни играч до 2029 година.
Берлин ја официјализираше оваа вест непосредно пред денешниот натпревар со нивниот помал брат, Потсдам каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Томовски.
„Лисиците“ не оставија ништо на случајот, по одличниот мундијал во кој сруши неколку рекорди, повторно се засилија шпекулациите дека некои големи и богати имиња би сакале да го видат во своите редови.
Новиот договор ќе ги олади сите, а ако Гидсел во следниве пет години и треба некаде да замине, сумата за отштета веројатно ќе биде дел од некој нов рекорд.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk