Алкалоид доби судии од Бенелукс

Македонскиот преставник во 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп, екипата на РК Алкалоид во сабота (15.02) во италијанскиот град Бриксен (Бресаноне) ќе го одигра првиот меч ова оваа европска пресметка против тимот на ССВ Бриксен.
ЕХФ за оваа средба ги делегираше судиите Иве Шлос од Холандија и Штефен Мартинс од Белгија, а делегат ќе биде Борис Вукашиновиќ од Србија.
Ниту на реваншот што на 22 февруари ќе се игра во Скопје нема да видиме некои особено познати судии, затоа што правдата ќе ја делат Иварс Чернавкивс и Еднундс Богдановс од Летонија, а делегат ќе биде Дељан Генчев од Бугарија.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk