Имаа буџет од три милиони евра, а не освоиле ни бод!

Photo: CSM Lasi

Романската екипа ЧСМ Jаши е клуб што требаше да биде конкурентен на најсилните во романската женска лига, но ќе биде запишан во историјата како феномен во ракометот.
ЧСМ Jаши беше екипа со проектиран буџет од 3.000.000 евра годишно, со плати на ракометарките од околу 7. 000 месечно со што во женскиот ракомет би требало да биде тим кадарен за настап и во Лигата на шампионите.
Што се случи во ЧСМ Jаши е тешко за објаснување, но по 15 одиграни кола во романското првенство оваа екипа има 15 порази и гол разлика -160!
Романските медиуми пишуваат дека ова довело до стопирање на средствата, па сега имаат и финансиски проблем и прашање е дали воопшто ќе ја доиграат сезоната до крајот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk