Алкалоид лесно победи на кам бекот на Дамјан Митев и промоцијата на Ивановски

РК СТРУГА - РК АЛКАЛОИД 14-38 (5-17)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски. Контролор: Душко Камишевски
РК СТРУГА: Тутенкоски, Мечкароски, Џигероски 2, Ѓорѓиески, Кленковски, Јанкуловски, Адамовиќ 1, С. Матески, Стојков 1, Остиќ, Савески 2, Ф. Мечкароски 1, Костоски 2, Ј. Матески, Пајкоски 5, С. Мечкароски
Седмерци: 0/2 Исклучувања: 4 мин. 
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 4, Петров 1, Маркоски, Младеновиќ 1, Серафимов 3, Карасманакис 3, Ѓоргиев 5, Ивановски 6, Бинго 3, Франциско 1, Петковски 4, Д. Митев 3, Савревски 2, Гарбески 2
Седмерци: 4/8 Исклучувања: 10 мин. 

Алкалоид со повратникот по повреда, еден од најголемите македонски таленти во моментов, Дамјан Митев во составот и новиот играч Мартин Ивановски вечерва доминираше на натпреварот со Струга на кој стружани беа домаќините во „Автокоманда“. 
Враќањето на овој млад играч на терените е од големо значење не само за екипата на Алкалоид, туку воопшто за целиот македонски ракомет, затоа што се работи за ракометар кој шутира и од дистанца, што за жал во македонскиот ракомет е раритет. 
Лидерот на табелата одигра натпревар на кој прими најмалку голови сезонава, го прмовираше Мартин Ивановски кој на деби мечот беше и најдобриот стрелец, но покажа и добри потези како асистент. Веруваме дека Кирил Лазаров пронашол уште еден играч кој откако квалитетно ќе е избруси ќе светне во поинаков сјај. 
Струга и покрај поразот играше без успорување и упропасување на играта, а својата шанса ќе си ја бара и извесно ќе ја најде на дуели со нешто послаби противници. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk