Е. Пелистер и Тиквеш лесно до првите бодови во 2025

Е. ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО 46-26 (25-12)
Актуелниот првак, екипата на Е. Пелистер со 20 гола разлика на рестарот на првенството ја совлада реновираната екипа на Куманово.

На мечот одигран во Битола, избраниците на Раул, меѓу кои реализаторски предничеа Богдан Радивојевиќ со 11 и Никола Костески со 8 гола, од негатива 3-4 со серија од 10-0 стигнаа до водство од 13-4 и ставија уште во првото полувреме печат на натпреварот.

Конечниот резултат е 46-26, а ќе издвоиме двајца од новите тројца Бразилци во тимот на Куманово. Фелипе и Фернандез постигнаа по пет гола и беа најефикасните ракометари на кумановскиот состав.

ГРК ТИКВЕШ – РАДОВИШ 32-26 (16-12)

Радовиш најави неколку нови странски засилувања за пролетниот дел од сезоната, но нив ги немаше на денешното гостување во Кавадарци каде што допатуваа само со 12 ракометари и го запишаа 16 пораз од 17 одиграни натпревари во првата фаза од шампионатот.

Гостите одиграа релативно рамноправен натпревар, но и домашната екипа на рестартот имаше можност и да комбинира повеќе во играчкиот дел.
На полувреме беше плус четири за кавадарчани, во второто полувреме таа разлика беше актуелна сѐ до последните десетина минути во кои Тиквеш поведе со шест гола и така остана и до крајот.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk