Ларс Коиј заминува од Вардар на лето

Германскиот тим Бергишер денеска го промовираше своето засилување за следната сезона на пивотменската позиција. Ларс Коиј, холандскиот пикер кој игра за Вардар 1961 потпиша договор со германскиот тим и ќе се пресели таму без оглед на тоа дали Бергишер ќе успее да се врати во најсилната германската лига или како и сезонава ќе настапува во Втората Бундеслига.
Во моментов шансите за враќање во елитата им се добри, на второто место се бод помалку и натпревар помалку од лидерот Хутенберг, но веднаш зад нив со бод заостанување се Минден и Балинген и тешко е да се предвиди расплетот.
Ларс Коиј таму би останал најмалку две сезони. За клупскиот сајт на Бергишер изјави дека преговрите биле брзи и дека одлуката да потпише за Бергишер била лесна. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk