Топ трансфери: Лук Стеинс, Иван Мартиновиќ, Сергеј Косоротов...

Лидерот на Бундеслигата, екипата на Мелзунген беше принудена да направи измена во својот тим по Светското првенство. Поради повредата на хрватскиот репрезентативец Давид Мандиќ, ангажирано е крилото од Шпанија, Марти Солер кој доаѓа од редовите на Логроњо Ла Риоха.

Романскиот тим Динамо Букурешт најверојатно ќе го украде од Војводина египетскиот крилен играч Ахмед Сеса и така ќе ја покрие најслабата позиција во својата екипа за следната сезона.

Хрватското крило Филип Главаш кариерата би требало да ја продолжи во екипата на Флензбург. 

Рускиот лев бек Сергеј Косоротов е пред враќање во полската екипа Висла Плоцк. Тој во моментов настапува за екипата на Веспрем. Висла за следната сезона веќе ги потврди транферите на Мелвин Ричардсон, Зоран Илиќ и Торборн Бергеруд.

Најавеното заминување на Даниел Фернандез во Барса го принуди Штутгарт да бара замена, а изборот е хрватското крило Иван Снајдер. Тој заедно со Италијанецот Симоне Менгон во Штутгарт доаѓа од екипата на Ајзенах.

Се разбистри водата околу заминувањето на двата голмана на Барса. Гонзало Перез де Варгас летово заминува за Кил, а Емил Нилсен следното лето за Веспрем. На нивното место летово ќе дојде Виктор Халмгримсон кој сезоната ја одработува во Висла, а следното лето од Магдебург ќе дојде Сергеј Хернандез.

Речиси и да нема врвен играч за кого не постои шпекулација дека има понуда од Веспрем. Следен на спиоскот на играчи кои би можеле да се преселат во Унгарија е десниот бек на Хрватска, Иван Мартиновиќ.

Холандскиот централен бек Лук Стеинс, ракометар на Пари Сен Жермен е дел од трансфер шпекулациите според кои би требало да премине во редовите на германскиот тим Рајн Некар Ловен.













 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk