Полска деновиве ќе менува селектор

Photo: IHF/Kolektiff

Репрезентацијата на Полска ќе им се приклучи на Италија и Чешка кои (ќе) имаат селекторски промени. Марцин Лијевски кој дојде на кормилото во 2023 како домашно решение за селекторската позиција по слабиот настап на тимот на СП, а уште повеќе по внатрешните турбуленции кои ги опфаќаат заминувањето на Шипжак и конфликтот со Олејничак дадоа одговор на сите прашања во Упраниот одбор на новиот претседател Славомир Шмал.

Лијевски веќе поднел извештај, следната недела се очекува и неговото официјално разрешување, затоа што полските медиуми пишуваат дека одлуката е веќе донесена.

И не само тоа, туку даке Шмал веќе сериозно разговара со двајца кандидати за негов наследник. Кои се тие двајца не откриваат, но велат дека нема да биде ниту Хавиер Сабате (Висла), ниту Талант Душебаев (Келце), ниту Ким Расмусен (Островија). Шмал наводно веќе контактирал со тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт, но ниту тој не е во најтесниот избор. Во секој случај, со оглед на звучноста на кандидатите кои не се во најтесен избор, очекуваме атрактивно решение.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk