Денеска продолжува Суперлигата

Денеска  продолжува натпреварувањето во машката Суперлига со редовното 17 коло. До крајот на првата фаза од натпреварувањето пред денешните натпревари остануваат уште шест кола по што екипите ќе бидат поделени на Плејоф и Плејаут. 
Во денешното коло, фаворитите за горниот дел од табелата меѓусебе се избегнуваат и ритамот во домашниот шампионат ќе го фаќаат преку натпревари со кандидатите за Плејаут. 
Во пресрет на продолжението должни сме да кажеме дека неколку екипи посебно од долниот дел се определија за пракса да штедат наесен и потоа да купат странски играчи со кои ќе „бркаат“ резултати во пролетната фаза. 
Од претстојното коло треба да напоменеме и дека дуелот меѓу Струга и Алкалоид ќе се игра во „Автокоманда“. 
На табелата освен битката за првото место кое ќе се води меѓу Алкалоид, Вардар и Пелистер, со можност Охрид или Тиквеш некому да расипат сметки, интересна е битката меѓу Бутел, Тиквеш, Пролет и Прилеп кој се борат за две места во Плејоф. Бутел и Тиквеш во пресрет на овие шест гола имаат два бода предност во однос на Пролет и Прилеп. 



Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk