Топ вести: Јакобсен добива улица и статуа, Исланд ново раководство...

Општината Свендборг од каде што потекнува актуелниот селектор на машката репрезентација на Данска, Николај Јакобсен, разгледува опција да именува улица во чест на тренерот кој освои четири светски првенства по ред и ужива голема популарност во Данска. И не само тоа, туку се разгледува и можноста да му се изгради и статуа во градот.

Дика Мем, ракометарот на Барса, ниту ги потврди ниту ги демантираше шпекулациите за заминувањето од клубот. „Ќе видиме кога ќе дојде време за тоа“ одговори Мем на прашањето на новинарот на СпортЕс. На почетокот на сезоната актуелни беа шпекулации за Веспрем освен Нилсен ги бара и Мем, Фраде, Ване што доведе до реакции од Барса на сметка на тренерот на Веспрем, Хавиер Пасквал.

Ракометната федерација на Исланд (ХСИ) ќе има ново раководство по 12 години, откако актуелниот врв реши да не се кандидира за нов двегодишен мандат на редовните избори што се закажани за 5 април.
Во исландската јавност почна да преовладува незадоволство, затоа што пред две години кога се бираше нов селектор, ХСИ го контактирала и почетно разговарала со Дагур Сигурдсон (тогаш селектор на Јапонија, а сега на Хрватска) и потоа пет недели воопшто не го контактирала и го одбра младиот Снори Стеин Гудјонсон за селектор. Таквиот нивни однос беше критикуван и тогаш, но сега откако Дагур стигна до финале на СП, стана одоново актуелен.

Повредата на шведскиот пикер на Магдебург, Оскар Бергендал здобиена непосредно пред СП, е посериозна отколку што се мислеше и големи се шансите за него оваа сезона да е веќе завршена.









 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk