Партизан и Грците со голема предност во ЕХФ Куп

Четири екипи од ЕХФ Европскиот Куп ќе имаат голема предност во 1/8 финалните дуели затоа што двата натпревари ќе ги играат на домашен терен. Барем три екипи би требало оваа предност да ја материјализираат и да се пласираат меѓу осумте најдобри.
Атински АЕК против словенечката Крка двапати ќе игра во Грција. И вториот грчки тим ќе има домашна предност на двата меча, Олимпијакос против норвешкиот тим Драмен ќе игра во својата сала.
Третиот тим од Грција што дотурка до 1/8 финалето, пак, двапати ќе гостува. Диомидис Аргус против Партизан двапати ќе игра во Белград.
Единствената екипа која со победнички намери оди на две гостувања е романскиот клуб Минаур Баја Маре. Тие двапати ќе играат во Финска против тимот на БК-46.
Другите четири парови, а тоа се Бриксен – Алкалоид, Хаукар – Јерузалем, Рунар – Бешикташ и Анортозис – Извиѓач ќе играат дома-гости.
Овие натпревари е предвидено да се играат од 16 до 22 февруари, а потоа следува ждрепка за 1/4 финалето во која за прв пат сезонава во ЕХФ Европскиот Куп нема да има носители.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk