Кил плаќа мундијалска сметка, Дувњак ќе мора на пауза

Photo: IHF/Kolektiff

Хрватската ракометна легенда, Домагој Дувњак го одигра својот последен меч за репрезентацијата и беше стрелец на последниот (ревијален) погодок во големото финале. Дувњак не го даде својот максимум на СП, затоа што речиси од почетокот на првенството беше повреден и единствено беше во составот поради својот статус, а во игра главно кога имаа играч повеќе.

По враќањето назад во клубот, беа извршени нови прегледи и констатирана повредата на листот поради која нема да биде во тимот неколку недели. А веќе на сартот ги очекуваат клучни битки за одржување на шампионските амбиции, меѓудругото и со првакот Магдебург.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk