ПСЖ си набави крила

Екипата на Пари Сен Жермен, почна да се реновира според желбите на новиот тренер Стефан Мадсен и неговиот асистент Хенрик Мелгард. 
Двајца играчи презентираа денеска Французите. Нов договор доби крилото Феран Соле и тој останува верен на парискиот клуб најмалку до 2027 година кога ќе комплетира вкупно седум години престој во тимот. Феран Соле за соиграч го има Давид Балагер и парижаните главно се задоволни со позицијата десно крило. 
На позицијата лево крило, пак, каде што како адаптирано крило игра Матју Гребиј доаѓа на помош ракометар од Шведска.
Емил Мелегард (27) е новиот ракометар на ПСЖ на позицијата лево крило. Тој по четири години минати кај Филип Миркуловски во Вецлар, на почетокот на сезонава, замина во втората данска лига во екипата на Хој. Таму на лето ќе дојде Хампус Ване од Барса, а Мелегард се сели во Париз. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk