Дарко доби нов договор во Аликанте

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски и неговиот сегашен клуб, Хорнео Аликанте постигнаа договор за продолжување на соработката најмалку до јуни 2028 година.
Дарко Димитриевски во Аликанте пристигна најсилната шпанска лига, Асобал каде што последно играше за Атлетико Ваљадолид.
Аликанте игра во втората по сила лига во Шпанија, но таму е лидер и со голедми шанси да се пласира во најсилната конкуренција. Димитриевски е еден од столбовите на екипата и трет стрелец во првенството со 63 постигнати голови досега.
Клубот во многу што се потпира на неговата игра и сака да одржи континуитет, па договорот до 2028 од тој агол е сосема логичен.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk