Топ вести: Фредериција се пушти во шопинг, тивка војна во Полска...

Роландо Уриос Гонзалез, шпанскиот пивот со кубанско потекло потпиша двегодишен договор со данската екипа Фредериција. Тој ќе ја комплетира сезоната во екипата на Логроњо Ла Риоха и потоа се сели во Данска.
Тој е син на Роландо Уриос Фонсека, најдобриот стрелец на СП 1999 и ол стар пивот како репрезентативец на Куба. Подоцна играше и за Шпанија, а неговиот дрес беше повлечен од употреба во Сиудад Реал.

Покрај Роландо Уриос, Фредериција за следната сезона потпиша уште двајца играчи. Тоа се унгарскиот интернационалец Мартин Наѓ и шведскиот бек Пеле Сегертофт.

Интерна војна се води во репрезентацијата на Полска под површината, благодарение на нивниот најслаб настап на мундијалите досега. Полска не се пласираше во Главната рунда и остана да игра во Президент Куп каде што го освои првото место со победа над САД на пенали (!).
Камил Шипжак беше повреден, но без дозвола на полскиот тим си заминал за третмани.
Марцин Лијевски во тв интервју го апострофираше ракометарот Олејничак како играч што не дал максимум и двапати наводно не влегол во игра. По ова следуваше реакција на споменатиот играч и сега со соопштенија и во јавност се објаснуваат со селекторот кој што рекол и дали е точно или не.

Шведскиот ас Хампус Ване ја потврди информацијата дека на крајот на сезоната заминува од екипата на Барса и во следната сезона според информациите на Афронбладет, ќе игра во данскиот второлигаш, екипата на Хој.

Соиграчот на Мартин Томовски во Потсдам, новиот австриски репрезентативец Елијас Кофлер кого можевме да го видиме и на СП во Вараждин (2 гола и 2 асистенции против Македонија), на лето ќе се пресели во тимот на Хамбург.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk