Суперлигата продолжува во сабота

Мундијалските настани што го одбележаа почетокот на ракометната 2025 влегуваат во архивата, а пред нас одново се клупските настапи во домашниот шампионат. 
Во сабота ќе се одигра комплетното 17 коло од македонската Суперлига. До крајот на првата фаза од натпреварувањето остануваат уште шест кола по што екипите ќе бидат поделени на Плејоф и Плејаут. 
Саботното коло ќе биде загревачко. Фаворитите за горниот дел од табелата не играат меѓусебе и ритамот во домашниот шампионат ќе го фаќаат преку натпревари со кандидатите за Плејаут. 
Ни претстојат поинтересни денови отколку што беше есенскиот дел, неколку екипи посебно од долниот дел се определија за пракса да штедат наесен и потоа да купат странски играчи со кои ќе „бркаат“ резултати во пролетната фаза. 
Од претстојното коло треба да напоменеме и дека дуелот меѓу Струга и Алкалоид ќе се игра во „Автокоманда“. 
На табелата освен битката за првото место кое ќе се води меѓу Алкалоид, Вардар и Пелистер, со можност Охрид или Тиквеш некому да расипат сметки, интересна е битката меѓу Бутел, Тиквеш, Пролет и Прилеп кој се борат за две места во Плејоф. Бутел и Тиквеш во пресрет на овие шест гола имаат два бода предност во однос на Пролет и Прилеп. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk