-
05.02.2025
-
Вести, Актуелно
Португалската машка репрезентација се пласираше во полуфиналето на Светското првенство што е нивниот најголем успех засега на големата сцена. Малку им недостасуваше дома да се вратат и со медал, но топката не ги сакаше во последниот напад.
Нивниот настап не остана незабележан и од големиот фудбалски тренер, Жозе Мурињо кој преку социјалните мрежи им честиташе на португалските ракометари.
Поранешниот селектор на Хрватска, Горан Перковац повторно ќе води репрезентација. Но, за разлика од негоиот последен ангажман кога ги водеше Хрватите, новата репрезентација е далеку од тоа дека ќе му донесе ракометна слава. Имено, Горан Перковац ќе биде новиот селектор на Ирак.
Шведскиот централен бек Феликс Клар е блиску до враќање во составот на Магдебург. Овој ракометар паузира веќе шест месеци поради повреда на ахиловата тетива.
Магдебург во меѓувреме е во потрага по централен бек откако се повреди и Мануел Зендер кој беше алтернативата за Клар. Меѓу имињата за кои наводно е заинтересиран актуелниот првак на Германија, се споменуваа и Косуке Јасухира и Марко Митев.
По заминувањето на Домагој Дувњак во репрезентативна пензија, нов капитен на репрезентацијата на Хрватска ќе биде десниот бек на бундеслигашката екипа Рајн Некар Ловен - Иван Мартиновиќ. За потсетување, улогата на капитен во ИХФ пред години претрпе сериозни измени и од тој агол сега има симболична улога. Но, улогата што ја има капитенот внатре во репрезентацијата како двосмерна улица што ги поврзува играчите со тренерот и логистиката е веќе друга приказна.
Шведското крило Лука Пелас од екипата на Монпеље ќе мора на долга принудна пауза. За време на тренинг, трчајќи низ шума, овој малерозен играч ја повредил ахиловата тетива и за него сезоната е завршена, а за Монпеље главоболката допрва почнува.
Поврзани вести