-
05.02.2025
-
Вести, Трансфери
Photo: IHF/Kolektiff
Светското првенство е најголемата светска изложба на ракометари, а перформансот прикажан на мундијалската сцена будно го следат клубовите и нивните менаџери за потоа да се фатат за работа и да почнат да ги прекројуваат своите ростери и да ги освежуваат со новите имиња кои покажале на терен тоа што нив ги интересира.
Изборот на ракометари е голем, особено на тие што веќе не се врзани со договори со големи имиња или не веќе капарисани со оглед на ракометната пракса да се потпишуваат договори за една-две или повеќе години однапред.
Веќе се во оптек повеќе шпекулации, а меѓу нив пронајдовме и две имиња од Топ 4 на светскиот ракомет, Барса и Веспрем.
Неофицијално, Барса за следната сезона во својот тим го планира средниот бек од Египет, Сеиф Ел Дера. Ако се сеќавате по 2019 се зборуваше дека Сеиф и Јахија Елдера би можеле да стигнат во Вардар, но ништо не бидна од тоа. Јахија е играч на Веспрем но во октомври се повреди и долго ќе го нема. Сеиф од друга страна оставил силен впечаток врз луѓето што го водат каталонскиот клуб.
Второто познато име, Вепсрем исто така има египетски играч на радарот. Но, се работи за доста познато име – Али Зеин.
Поранешниот играч на Барса сега настапува во Динамо Букурешт каде што Веспрем има силни врски, а Зеин кој игра во два правца и како старее станува сѐ поизразит дефанзивец отколку напаѓач сигурно би нашол место меѓу египетската колонија што полека се формира во најбогатиот унгарски клуб.