Бенфика се подновува

Португалската екипа Бенфика за која сезонава настапува македонскиот интернационалец Филип Талески, следната сезона ќе направи поголеми играчки промени, а најавите почнуваат од смената на позицијата десен бек.
Романскиот интернационалец Демис Григорас заминува од Бенфика и ќе се пресели во екипата на Татабања од Унгарија, а испразнетото место би требало да биде пополнето со чешкиот бек Станислав Кашпарек (фото) кој во моментов игра во екипата на Динамо Букурешт од Романија.

Photo: Filip Viranovski

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk