Јагањац и РНЛ се договорија за уште една сезона

Поранешниот бек на Металург, хрватскиот ракометар Халил Јагањац успешно се врати на терен по долга пауза пред мундијалот, но за негова жал недоволно брзо за да се избори за место во репрезентацијата.
Сеедно, добрата вест за Јагањац е што Рајн Некар Ловен, клубот каде што игра како позајмен играч од Келце, сака да го задржи и за следната сезона. И Јагањац е задоволен од соработката и бил сакал да остане, па така единствено останува да го прашаат Келце, клубот кој има валиден договор со Хрватот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk