Новиот проект на ЕХФ, Кадетско клупско натпреварување (М18) или EHF Youth Club Competition 2025-М18, прв пат ќе се игра годинава по систем кој предвидува играње во групи по терка „Ф4“ или полуфинални парови. Такви групи ќе бидат четири, а победниците од секоја група ќе играат на големиот „Ф4“ кој е предвиден како предигра на „Ф4“ во ЛШ во Келн.
Во ова натпреварување барем во првата сезона нема играат прваците на државите, туку е кадетска веријза на актуелната Лига на шампионите и право, првенство да пријават екипи имаа сите клубови, годинешни учесници во ЛШ.
Новиот проект на ЕХФ во моментов сѐ уште нема официјално/финално име или пак лого, но наскоро Виена ќе ги реши и овие детали.
Данските Алборг и Фредериција, како и норвешкиот Колстад од разни причини не прифатија да играат, па на нивното место беа повикани заменски екипи, односно тимовите на ГОГ, Савехоф и Војводина.
Кадетскиот тим на Е. Пелистер ќе игра во Букурешт, каде што прв противник ќе му биде полскиот Келце, а другиот пар се Динамо Букурешт и Висла Плоцк.
Натпреварите ќе се играат на 17 и 18 април.
Група 1 (организатор Веспрем):
Полуфинале:
Веспрем - Војводина
ПИК Сегед - Загреб
Група 2 (организатор Барса):
Полуфинале:
Барса - Нант
ПСЖ - Спортинг
Група 3 (организатор Фуксе Берлин):
Полуфинале:
Фуксе Берлин - Севехоф
Магдебург - ГОГ Гудме
Група 4 (организатор Динамо Букурешт):
Полуфинале:
Келце - Еурофарм Пелистер
Висла Плоцк - Динамо Букурешт
Поврзани вести