Гедбан опериран, го чека долга пауза

Голманот на репрезентацијата на Алжир и на гермнскиот тим Ерланген, Калифа Гедбан е успешно опериран и ќе мине надвор од теренот неколку месеци. Гедбан имаше операција на коленото поради која нема да биде во составот на Ерланген на почетокот на вториот дел на сезоната. Овој германски тим доби нов спонзор и веднаш исплати големи суми за отштета за ракометарите Виго Кристијансон и Игор Коси и ослободи двајца ракометари. Но, исландскиот ас се повреди на СП, па и тој ќе пропушти натпревари на стартот на сезоната.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk