Уште двајца Французи во АЕК Атина

Грчкиот тим АЕК кој е потенцијален противник на Алкалоид во ЕХФ Европскиот Куп во следните фази од ова натпреварување (под услов двата клуба да го минат 1/8 финалето), ангажираше двајца француски ракометари за продолжението на сезоната во која нивните амбиции евидентно се зголемуваат.

Едното засилување е Фредерик Борегар, дефанзивец кој има настапувано за Селеста, Сесон... а репрезентативно настапува за националниот тим на Конго.

Второто засилување е Адама Сако, левото крило на Трембле кое подоцна замина во интернационалци, а последно играше за Татран Прешов од Словачка.
Доколку во пресрет на сезоната не решат да се ослободат од некои странски играчи, АЕК ќе има 16 странци во продолжението. 

Во екипата на АЕК, странски ракометари во моментов се уште и Јан Женти, Жонатан Азора, Адама Кеита, Дилан Гара и Жене Сукилович. Тие петмина се од Франција. Потоа, Марио Матиќ од Норвешка, Петар Лулиќ од Хрватска, Жилберто Дуарте и Вилсон Дејвис од Португалија, Бен Челих од Турција, Дан Тепер од Израел, Ерик Шмит од Германија, Виктор Властос од Данска и Туре Сулејмани од Гана. 
Тренер е Фредерик Бужан од Франција. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk