Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски е на петтото место на листата на стрелци на 29 Светско првенство со 49 (13) постигнати погодоци на шест одиграни натпревари или просечно 8.1 погодоци на натпревар. Во оваа статистичка категорија тој е на второто место, зад најдобриот стрелец Матијас Гидсел кој има 8,2 погодоци по натпревар.
На вкупната листа, Филип Кузмановски на крајот го минаа Симон Питлик (50/0)со еден гол повеќе и Дика Мем (54/0) и Франциско Кошта (54/2) со пет гола повеќе. Тие одиграа и три натпревари повеќе од македонскиот ракометар, исто како и Гидсел кој мундијалот го заврши со 74 постигнати погодоци од кои 73 беа постигнати од игра.