Франција е бронзена, Ареја ја расплака својата Португалија

Photo: IHF/Kolektiff

ФРАНЦИЈА - ПОРТУГАЛИЈА  35-34 (19-17)
Мин 10, Наи 6 - Ф. Кошта 7, Итуриза 7

Репрезентацијата на Франција е освојувач на бронзениот медал, оставајќи ја „расплакана“ селекцијата на Португалија која беше многу блиску до своето прво одличје во историјата. Но, немилосрдни беа сите богови на среќата кон португалскиот состав попладнево.


Ракомента убавица се играше во „Јунити арена“ во пресрет на големото финале. Португалија и Франција демонстрираа во серии прекрасни потези и голови во игра гол за гол во кој главно Франција имаше мало или минимално водство.

Омерик Мин му докажа и на селекторот и на целата ракометна јавност дека неправдено седеше на клупата на Франција додека десниот бек Недим Ремили играше како плејмејкер што конечно место во битка за злато ги однесе во битка за бронза.

Браќата Кошта уште еднаш покажаа каков потенцијал и квалитет се и нивната цена која е со шест нули ќе продолжи да расте.

Конечно, во резултатска нишалка се влезе и во последната минута во која Мелвин Ричардсон по оправдано досуден пенал од одличните македонски судии Начевски и Николов ја доведе Франција во водство од 35-34.

Последниот напад за Португалија заврши со убаво искреиран вишок за крилото Ареја. Парадокс не само за мечот, туку за целиот мундијал е што најслабата алка во тимот Франција, голманот, во случајов тоа беше Болсанже го одбрани овој шут на несреќниот Ареја и на Франција и донесе медал.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk