Последниот меч за Карачиќ и Дувањак

Photo: IHF/Kolektiff

Домагој Дувњак подобар меч отколку финале на Светско првенство за крајот на својата репрезентативна кариера не можеше да посака. Навистина повредата му скрши целиот филм, самиот призна дека светот му се срушил, но и дека соиграчите го кренале и сега одново е тој стариот.

Но, не е Домагој Дувњак единствениот кој ја завршува репрезентативната кариера утре на дуелот со репрезентацијата на Данска во финалето.

Уште една ракометна легенда го игра својот последен натпревар за репрезентацијата. Тоа е Игор Карачиќ ракометарот кој изникна во скопски Вардар и кому му беше дозволено на својот последен меч европски меч за црвено-црните да го подигне шампионскиот пехар во Келн иако не беше капитен на тимот.

Сега ќе има шанса на својот последен меч во репрезентацијата да го подигне шампионскиот пехар на ИХФ. Тоа би било спектакуларна одјава на славниот двоец, но не смееме да заборавиме кој тим ќе стои утре на спротивната страна на теренот.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk