Завршува СП, термини за финале и бронзениот меч

Photo: IHF/Kolektiff

Двата домаќини на СП ќе се сретнат во мундијалското финале што ќе се игра на теренот на третиот домаќин. Ова е епилогот на 29 Светско првенство што за прв пат се организираше во три држави што географски се во неприродна коалиција.
Данска и Хрватска ќе се борат за злато, а Норвешка ќе ја спрема сцената на која ќе се борат актерите.
Данска во полуфиналето уште еднаш демонстрираше надмоќ и супериорност и со цели 13 гола разлика ја совлада добрата екипа и селекција на Португалија.

Емил Нилсен заедно со Матијас Гидсел и другиот дел од тимот се на прагот уште еднаш да ја „свртат игрицата“ . Имаат три светски злата по ред, вистинско чудо треба да се случи ако не го освојат и четвртото и притоа да постават низа нови индивидуални рекорди.
Хрватите се пресреќни што стигна и до овде. Сигурно ќе се потрудат со сите сили и во финалето, но сите логични параметри велат дека нивната победа во финалето, па дури и неизвесен меч е многу, многу тешко да се случи.

Денеска е слободен ден на Светското првенство, утре со почеток од 15:00 часот во битката за бронзен медал ќе се сретнат репрезентациите на Франција и Португалија, а големото финале ќе се игра со почеток од 18:00 часот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk