Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат дел од финалниот викенд на 29 Светско првенство. Нашите најдобри судии, а според прикажаното на СП и од нив и од нивните колеги, во моментов и најдобрите воопшто во светот, стигнаа во Осло каде што ќе се играат завршните натпревари.
Засега не е извршено делегирањето за последните два натпревари, но со оглед дека нашите судии се во Норвешка, очекуваме да ги видиме и на терен.