Парондо добива нов голман

Лидерот на Бундеслигата, екипата на Мелзунген, предводена од клупата од поранешниот вардаров тренер Гарсија Парондо, на лето ќе има нов голман.

Во Бундеслигашката екипа доаѓа голманот на репрезентацијата на Унгарија и на шампионот Веспрем – Кристоф Паласиц. Имавме можност да го видиме на дело на СП уште во првото коло против Македонија, а минатата година и во Скопје, во дресот на Ла Риоха на мечот со Алкалоид од ЕХФ Европската лига.

Криштоф Паласиц доаѓа во Мелзунген, а од екипата заминува полскиот голман Адам Моравски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk