Италија добива бундес селектор!

Photo: Bobhanning.de

Репрезентацијата на Италија беше еден од хитовите на 29 Светско првенство. Уште од моментот кога на два меча ја елиминираа Црна Гора за пласман на СП, а потоа во квалификациите за ЕП 2026 ја победија и Србија беше јасно дека овој тим не смее да биде потценет.

Имаат неколку играчи што се обучуваа во Франција и Германија и тие ја прават разликата на теренот. На крајот СП го завршија во групата со Македонија, Шведска и Словенија, конечен пласман на 16 место.
Од клупата во последните осум години беа предводени од анонимен стручњак - Рикардо Трилини, тренер кој работел само во Италија и Луксембург.
Но, тоа ќе се смени наскоро пишува германски Билд.

Нов селектор на Италија би требало да стане алфа човекот во германскиот ракомет – Боб Ханинг. Творецот на Фуксе Берлин и на Потсдам препознатлив и по шарените и дречливи кошули и јакни би требало да го преземе кормилито на Италијанците.

Ханинг не ја потврдил веста, но Билд се повикува на неговата изјава дека сака да води мала ракометна земја каде што од темели би изградил нешто ново.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk